Кога луѓето гледаат наназад во животот, за што најмногу жалат?
- pozitivnapsihologija
- Oct 24, 2015
- 2 min read
Колку од она по што жалат е базирано на погрешни претпоставки или премиси?

Одлично прашање! Во нашето истражување на Универзитетот Корнел, им го поставив на илјадници постари Американци тоа прашање. Очекував „бомбастични“ одговори: за прељубата, за црната бизнис зделка, за зависноста – такви нешта. Затоа бев неподготвен за одговорот кој го дадоа:
Посакувам да не поминував толку многу време од својот живот грижејќи се.
Одново и одново, како што 1.200 стари лица во нашиот Проект на Наследството на Корнел повторуваа за своите животи, слушав верзии од „би поминувал помалку време грижејќи се“ и „жалам што се грижев толку многу за сѐ“. Навистина, од гледна точка на крајот на животот, многумина чувствуваат дека доколку им е дадена единствена шанса за „направи повторно“ во животот, тие би сакале повторно да го имаат целото време кое го потрошиле на анксиозноста за иднината.
Нивниот совет по ова прашање е поразително едноставен и директeн: грижите се огромна загуба на вашето скапоцено и ограничено време кое го имате во животот. Тие препорачаа навикнување на себе си да се редуцира или елиминира грижењето како еден единствен најпозитивен чекор кој можете да го направите за постигнување поголема среќа.
Пораката на старите лица е исто така конзистентна со наодите од истражувањето. Клучната карактеристика на грижата, според научниците чиј предмет на истражување е грижата, е дека таа всушност стапува на сцена токму во отсуство на вистински стрес фактор; што ќе рече, ние се грижиме токму тогаш кога всушност не постои ништо конкретно за кое би се грижеле. Овој вид на грижа – руминација за евентуално можни лоши работи кои можат да нѝ се случат, нам или на нашите сакани – е комплетно различно од решавање на конкретен проблем.
Крунски важна стратегија за намалување на каењето, според старите лица кои ние ги интервјуиравме, е зголемување на време поминато на решавање на конкретен проблем и драстично елиминирање на времето потрошено на грижење. Првата активност го унапредува животот, додека втората, сосем спротивно е активност за која длабоко ќе зажалиме како комплетно губење на нашето и онака прекратко време на Земја.
Автор: Karl Pillemer
Објавено на: Quora
Превод: Даниела Арсовска Богдановски
Извор на сликата: SFGate
Comments