top of page

Во дизајнирањето на каква човекова природа вие сакате да учествувате?

  • pozitivnapsihologija
  • Sep 14, 2015
  • 5 min read

Овој текст претставува транскрипт од феноменалниот ТЕД говор на Бери Шварц.

Говорот е на англиски јазик, а превод има на хрватски и португалски.

Заради големината на идеите изнесени во овој говор, посакав да го има и на македонски.

Насловното прашање на овој пост вели: „Во дизјанирањето на каква човекова природа вие сакате да учествувате?“. Тоа е реченицата со која Д-р Шварц го завршува својот говор.

Овој превод е мојот одговор – во дизајнирањето на образована, информирана, извонредна, посебна, водечка, растечка, креативна, слободна, врвна човекова природа. И на свое големо задоволство истото го правам, токму затоа што го сакам.

Повелете ...

0:11 Денеска ќе зборувам за работата. И прашањето кое сакам да го поставам и одговорам е ова: „Зошто работиме?“ Зошто стануваме од кревет секое сабајле наместо да си го живееме животот исполнет со авантури, потскокнувајќи весело од една на друга, слични на оваа од ТЕД (настаните).

0:31 (Смеење)

0:33 Можеби и вие си го поставувате ова прашање. Знаете, јас разбирам дека ние мора да живееме од нешто, но никој во оваа просторија не мисли дека тоа е одговорот на прашањето „Зошто работиме?“. За луѓето во оваа просторија, работата која ја работиме е сладок предизвик, таа е ангажман, таа нè стимулира. Таа има значење за нас. И ако имаме малку среќа, таа може дури да биде и значајна.

0:54 Сепак, ние не би работeле доколку не би биле платени, но тоа не е причината поради која го работиме ова кое го работиме. И генерално, мислам дека сите ние мислиме дека материјалните награди се мошне лоша причина за да го работиме ова кое го работиме. Знаете, кога за некого ќе речеме дека тој е „во ова само заради пари“, кажуваме многу повеќе од самиот опис.

1:12 (Смеење)

1:13 Знаете, јас мислам дека ова е сосем очигледно, но токму неговата очигледност кај мене го буди ова исклучително важно прашање. Зошто, ако ова е навистина толку очигледно, зошто тогаш за огромното мнозинство од луѓето на планетава, работата која ја работат нема ниту една карактеристика која нас нѐ крева од кревет и нѐ носи на работа секое сабајле? Како е можно да сме дозволиле мнозинството од луѓето на планетава да работат монотона, безначајна и убиствено досадна работа? Зошто, како што се развивал капитализмот, така создавал режим на производство, на добра и услуги, во кои сите нематеријални задоволства кои можело да произлезат од работата се елиминирани? Работниците кои работат вакви видови на работа, независно дали ги работат во фабрики, телефонски центри за поддршка на клиенти или во магацини, тоа го работат за плата. Со сигурност, не постои ниту една земска причина зошто тие би го работеле тоа што го работат, освен за плата.

2:14 Значи, прашањето е „Зошто?“ И еве го одговорот: одговорот е технологија. Да, да, знам, сѐ ми е јасно, ќе речете – да, да, тоа е ... технологијата, автоматизацијата ги упропастува луѓето, бла, бла, бла – но, не, не е тоа она на што мислам. Не зборувам за оној вид на технологија со која е обвиен целиот наш живот и поради која луѓето доаѓаат на ТЕД да слушаат за неа. Не зборувам за технологија на ствари, иако е таа мошне важна. Јас зборувам за друг вид на технологија. Зборувам за технологија на идеи. Која јас ја нареков, „идејна технологија“ – колку умно од мене.

2:49 (Смеење)

2:51 Покрај тоа што создава ствари, науката создава и идеи. Науката создава начини на поимање, разбирање и размислување. А во социјалните науки, начините на поимање кои се создадени, се они кои се однесуваат на разбирањето на нас самите. И тие имаат огромно влијание врз тоа како мислиме, кон што тежнееме, и врз тоа како делуваме и се однесуваме.

3:11 Ако мислите дека вашата сиромаштија е Господова волја, вие се молите. Ако мислите дека вашата сиромаштија е резултат на вашата сопствена неспособност, вие потонувате во очај. Ако пак мислите дека вашата сиромаштија е резултат на угнетување и доминација, тогаш вие револтирано го кревате својот глас. Дали вашиот одговор на сиромаштијата ќе биде повлекување или револуција, зависи од тоа како ги разбирате изворите на својата сиромаштија. Е, ова е улогата која ја играат идеите во нашето обликување како човечки битија; и ова е тоа поради кое технологијата на идеи можеби е најважната технологија која науката нѝ ја дава.

3:50 И има нешто посебно во врска со технологијата на идеи, што ја прави различна од технологијата на ствари. Со стварите, ако технологијата не ја бива, таа едноставно испарува, така? Лошата технологија исчезнува. Со идеите – погрешната идеја за човечките битија нема да си замине доколку луѓето веруваат дека е вистинита. Бидејќи, ако луѓето веруваат дека таквите идеи се вистинити, тие ќе создадат начини на живеење и институции доследни на таквите сосем погрешни идеи.

4:25 Ете, така индустриската револуција создаде фабрички системи во кои навистина не постои ништо во секојдневното работење од кое евентуално нешто би можеле да добиете, освен платата на крајот на денот. Бидејќи таткото – еден од татковците на индустриската револуција, Адам Смит – бил убеден дека човечките битија по своја природа се мрзливи и нема да работат ништо, освен ако не ги поттикнете, а начинот на кој би ги поттикнале е да им дадете материјална награда. Тоа била единствената причина поради која некој, кога и да било, направил нешто. Ете така, сме создале фабрички систем базиран на ова погрешно видување за природата на човекот. Но, штом тој систем за производство бил воспоставен, повеќе навистина не постоел никаков друг начин за луѓето да работат, освен на начин кој соодветствувал со визијата на Адам Смит. Примеров со работата е само пример за тоа како погрешните идеи можат да креираат околности кои завршуваат така што ги потврдуваат погрешните идеи како вистинити.

5:22 Не е вистина дека повеќе „едноставно ништо не можете да сторите“. Вистината е дека „не можете ништо повеќе да сторите“ кога на луѓето им давате да работат бесмислена и бездушна работа. И она што е интересно, Адам Смит – истиот тип кој нѝ го даде ова неверојатно откритие за масовно производство и поделба на трудот – го знаел ова. Тој кажал, за луѓето кои работат на производната лента, за човечките битија кои работат на производната линија, тој вели: „Стануваат онолку глупи колку што е тоа можно едно човечко битие да стане“. Забележете, ве молам, овде станува збор за зборот „стане“. „Стануваат онолку глупи колку што е тоа можно едно човечко битие да стане.“ Независно дали имал намера или не, она што Адам Смит нѝ го кажува овде е дека токму дизајнот на институцијата, во која човековата работа создава луѓе кои се вклопуваат во барањата на таа институција, ги лишува истите тие луѓе од можноста да добијат различни видови на задоволства од својата работа, што го земаме здраво за готово.

6:28 Работата со науката – со природните науки – е дека ние можеме да си вртиме најразлични фантастични теории за вселената и притоа можеме целосно да бидеме сигурни дека вселената е комплетно рамнодушна кон нашите теории. Таа ќе си работи на ист начин без разлика на тоа какви теории ние имаме за неа. Но, ние мора да водиме сметка за теориите кои ги имаме за човековата природа, бидејќи човековата природа ќе биде сменета од теориите кои ги имаме, а кои сме ги дизајнирале со цел да ги објаснат и да нѝ помогнат да ги разбереме човечките битија.

7:02 Истакнатиот антрополог Клифорд Гирц, пред многу години има речено дека човечките битија се „недовршени животни“. И она што го мислел со ова дека единствено за човечките битија е својствено да ја имаат човечката природа, која во голема мерка е продукт на општеството во кое луѓето живеат. Таа човечка природа, ајде да кажеме, нашата човечка природа, е многу повеќе креирана, отколку што е откриена. Ние ја дизајнираме човечката природа преку дизајнирање на институциите во кои луѓето живеат и работат.

7:02 Значи, вие луѓето – а тоа е најблиску што некогаш сум бил со господарите на универзумот – вие луѓето, треба да си го поставите прашањето, како што ќе се вратите дома, за да ги водите своите организации. Во дизајнирањето на каква тоа човекова природа вие сакате да учествувате?

7:53 Ви благодарам.

7:54 (Аплауз)

7:56 Ви благодарам.

~ ~ ~

Превод

Психолог и Психотерапевт

Автор на страницата ПозитивнаПсихологија


 
 
 

Comments


Придружени текстови
Тековни текстови
Архива
Пребарајте по клучен збор
Следете нè ...
  • Facebook Basic Square
  • Twitter Basic Square
  • Google+ Basic Square
bottom of page