



Услови за користење & Политики на приватност
На оваа конкретна страница изложени се редица правни конструкти и термини, неопходни за дефинирање на условите за користење и политиките на приватност на медиумот ПозитивнаПсихологија.
Главната цел на оваа конкретна страница е информирање за правата и обврските на авторот и корисниците, како и обезбедување на правна заштита како на авторот така и на корисниците на медиумот ПозитивнаПсихологија.
Со самото поставување на содржината на оваа конкрета страница, автоматски се смета дека сте ја прочитале, бидејќи кон неа сте јасно и недвосмислено насочени од Почетна страница на медиумот ПозитивнаПсихологија. Со тоа автоматски се смета дека сте запознаени, ги разбирате, ги прифаќате и се солжувате со поставените услови и политики. Доколку некој од Вас не се сложува со поставените услови за користење и политики на приватност на страниците од медиумот ПозитивнаПсихологија, подобро не користете ги нејзините содржини и напуштете ја страницата.
Услови за користење.
Слободно користење на информациите објавени на ПозитивнаПсихологија.
Физичките и правните лица кои се посетители претставуваат корисници на медиумот ПозитивнаПсихологија; тие може слободно да ги користат неговите страници и содржини на следнииве начини: да ги читаат, печатат, копираат, споделуваат, преземаат или објавуваат, во оригинална или обработена форма, сите содржини кои се поставени на неговите страници.
Обележување на преземените информации објавени на ПозитивнаПсихологија.
Сите корисници (правни или физички лица: други електронски или пишани медиуми, блогови, веб-страници, портали) при преземање, печатење, копирање, споделување или објавување на содржините од медиумот ПозитивнаПсихологија, неопходно е притоа недвосмислно и јасно да назанчат дека оригиналната содржина му припаѓа на медиумот ПозитивнаПсихологија. Назнаката потребно е да биде на јасно видливо и лесно воочливо место на електронскиот медиум или на печатениот материјал. Освен местото на назначување посебно значајно е да се нагласи дали содржината е преземена во оригинал делумно, во оригинал целосно или преземената содржина е обработена и/или интерпретирана.
Правна заштита.
Нејасно одбележување или некоректно пренесување, погрешно обработување или неточно интерпретирање на оригинално преземената или обработена информација, како и плагијатерство подлежат на кривична, граѓанска и прекршочна одговорност и може да станат предмет на соодветна пријава, согласно Законот за авторското право и сродните права на Република Македонија.
Намена на преземените информации објавени на ПозитивнаПсихологија.
Сите информации преземени во оригинална форма или интерпретирани а кои се оригинално објавени на медиумот ПозитивнаПсихологија не смеат да се користат или употребат за поттикнување или промоција на насилство или дискриминација, ниту за исмевање и јавно понижување, од каков било вид.
Правна заштита.
Доколку биде утврдена злоупотреба на условите за користење ќе бидат преземени соодветни правни мерки во согласност со Законот за кривична постапка, Кривичниот законик и Законот за спречување и заштита од дискриминација на Република Македонија.
Авторски права
Сите содржини оригинално објавени медиумот ПозитивнаПсихологија претставуваат авторско дело на авторот, заради што апелираме за почитување на авторските права.
Правна заштита.
Авторските права се пропишани, заштитени и гарантирани со Законот за авторското право и сродните права на Република Македонија. Доколку се утврди повреда на истата ќе бидат преземени соодветни правни мерки.
Политики за приватност.
Доброволно споделување на податоци од корисникот со медиумот ПозитивнаПсихологија
Сите податоци кои од страна на корисникот ќе бидат споделени со медиумот ПозитивнаПсихологија или со авторот на истиот, ќе бидат споделени исклучиво на доброволна основа и по одлука на корисникот.
Користење на споделените информации од корисникот со медиумот ПозитивнаПсихологија
Сите податоци довроволно споделени од страна на корисниците на медиумот ПозитивнаПсихологија а кои ќе бидат доброволно доставени до е-адресата на медиумот, преку страницата за Контакт или до е-адресата на авторот на страницата и кои се во контекст на некоја од содржините објавени на медиумот, нема да бидат користени за никакви цели, освен за истражувачки цели од областа на позитивната психологија или за унапредување, надополнување и обогатување на содржините на медиумот ПозитивнаПсихологија, со претходно дадена согласност од страна на корисникот.
Дефинирање на мислење, прашање, дилема, предлог наспроти навреда, закана, напад, клевета
Искажувањето на мислење, поставувањето на прашање или дилема, споделувањето на предлог или идеја можат слободно да се искажуваат, поставуваат или споделуваат со медиумот ПозитивнаПсихологија. Сите податоци кои се недолични, навредувачки или заканувачки, кои се напад или клевета и кои излегуваат од рамките на интересот на ПозитивнаПсихологија, може да станат основа за поднесување соодветна пријава до надлежните органи.
Правна заштита.
Сите содржини кои се доброволно доставени до медиумот или до авторот на медиумот се дефеинирани и кон нив се постапува во согласност со Законот за кривична постапка и Кривичниот законик на Република Македонија.
Лични податоци на корисникот доброволно споделени со медиумот ПозитивнаПсихологија
Сите податоци кои се доброволно доставени до медиумот ПозитивнаПсихологија или авторот на медиумот а кои спаѓаат во категоријата на лични податоци какви што се име или презиме, нема да бидат користени од страна на медиумот за никакви цели, ниту ќе бидат објавувани или споделувани со други правни или физички лица.
Правна заштита.
Сите политики за приватност и заштитата на личните податоци се во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Република Македонија.
Е-адреси на корисникот доброволно споделени со медиумот ПозитивнаПсихологија
Сите е-адреси на корисниците кои ќе бидат доброволно споделни со медиумот ПозитивнаПсихологија или со авторот на медиумот нема да бидат користени или споделувани со други правни или физички лица и нема да бидат користени за „спамирање“ на корисниот ниту за какови било други маркетиншки цели.
© 2014 ПозитивнаПсихологија | За страницата | За идејата | Визија, мисија, цели | За авторот | Услови и политики | Контакт