top of page

За страницата ПП.мк

Неколку одговори во врска со ПП.мк - ПозитивнаПсихологија

Што е ПП.мк?

 

Страницата ПозитивнаПсихологија, скратено ПП.мк, претставува медиумски простор кој третира содржини од областа на психологијата, особено сознанијата од областа на позитивната психологија.

 

Ова е медиум кој човека го третира холистички, како целовито битие „составено“ од психа (душа), ум и тело. На него се обработуваат и теми кои не се нужно „психолошки“, но се човечки во смисла на целовитоста на човекот, како природно, социјално, интелектуално и духовно битие. Ова е простор кој се фокусира на оние аспекти на човековото живеење кои водат до среќа и благосостојба, без разлика дали до тие сознанија дошла психологијата, позитивната психологија или некоја друга природна или општествена наукa и/или практика.

 

* Термините ПозитивнаПсихологија и ПП.мк во рамките на оваа страница ќе се користат синоними.

** Потребно е да се прави разграничување меѓу брендот ПозитивнаПсихологија и позитивната психологија, како наука. ПозитивнаПсихологија, односно ПП.МК е медум кој ја промовира позитивната психологија, како научна дисциплина.

 

Холистички
Какви се содржините на ПП.мк?

 

ПП.мк е страница посветена на унапредување на квалитетот на живеењето, со особен осврт на позитивната психологија, како наука која ја истражува среќата, процутот на човекот и неговата благосостојба.

 

Тука се изложени содржини кои се осврнуваат на позитивните аспекти на човековото живеење. Позитивните мисли и емоции, пронаоѓање и остварување на смислата на животот, здравјето и блогосостојбата, се главните предмети на истражување на овие страници. На нив се презентирани теоретски, научно докажани или практично потврдени знаења, кои може да се искористат во креирање на среќен и исполнет живот.

 

* Сите содржини на ПП.мк се искллучиво од едукативна природа.
** Содржините на ПП.мк не се наменети за дијагностицирање, лекување или превенција на ниту една болест или пореметување. Доколку боледувате од некоја болест или имате какво било дијагностициранo или недијагностицирано пореметување, состојба, симптом или друг проблем кој не можете сами да го решите, обратете се до стручно лице од конкратната област: психолог, психотерапевт или лекар.

Кому му е наменета ПП.мк?

 

ПП.мк како медиум е наменет за широк аудиториум. Тој е интересен и корисен за:

 

  • Оние кои се во потрага по среќата и смислата на животот и сопственото постоење

  • Оние кои само заради забава сакаат да порчитаат нешто од позитивната псохологија

  • Оние кои ја доживеале личната среќа и кои живеат живот во мир и благосостојба

  • Оние кои чувствуваат дека нивните потенцијали сѐ уште не се остварни

  • Оние кои секојдневно се соочуваат со ситуации кои не ги посакуваат (и ги нарекуваат проблеми)

  • Професионалците кои во својата секојдневна практика се работат со луѓе (и истите не ретко ги нарекуваат „клиенти“, „пациенти“ или „случаи“)

  • Оние кои веруваат дека нивниот живот и среќа се во нивни „раце“,

  • Оние кои сопствениот живот и среќа ги препуштиле на „судбината“.

 

 

Како читателите стануваат ко-креатори на ПП.мк?
 
Драги посетители, секогаш кога ќе почувствувате внатрешен импулс да се произнесете по одредена тема поврзана со содржините презентирани на ПП.мк, или кога имате некое прашање, идеја или дилема, спонтано, слободно и пред да се спречите со некакви мисли изразате го тоа. Пишете ни.
На овој начин вие станувате ко-креатори  на ПП.мк. 
 
Со своето обраќање до ПП.мк вие ќе придонесете во креирањето на неговите страници, во нивно растење и менување, во нивно оплеменување. Вредноста на вашиот придонес е над можноста која ја даваат зборовите за опишување. Сите вие имате што да дадете од себе си! И колегите-психолози, колегите-психотерапевти и сите кои професионално се бават со унапредување на квалитетот на живеење на други човечки битија, сите вие сте топло повикани да го креирате овој медиумски свет како што сакате. Ова особено важи и за сите вас на кои психологијата им е некој вид на хоби или личен интерес. Вашето професионално-неконтаминирано видување на работите ќе има исклучително позитивно влијание врз целата содржина, давајќи и’ ја бистрината на здравиот разум.Однапред ви благодариме за нектарот од кој заедно ќе креираме послатка реалност.

 

 

Кому му припаѓаат содржините од ПП.мк?

 

Oвие страници ви припаѓаат вам, драги посетители. Вам ви се наменети - вам ви припаѓаат.

Една од целите на ПП.мк е да ве потсети на моќите кои ги поседувате за креирање на живот каков што сакате. Унапредувањето на вашиот живот, сакале или не да признаете, е во ваша „надлежност“. Сами одлучувате што ќе правите со она што го знаете, чувствувате или мислите.

 

Така е и со содржините на ПП.мк. Со самото тоа што ќе дојдете до инфомациите презентирани на ПП.мк тие стануваат дел од вашиот живот а вие станувате нивни сопственик. Дали ги прифатите и ќе се сложите со нив или ќе ги отфрлите под различни изговори, дали ќе бидете инспирирани за истражувања на нови хоризонти од сопственото битие или ќе одлучите да се затворите за современите научни откритија, сето тоа ќе зависи од вас самите.  Не заборавајте, сето она што ви припаѓа вам, можете да го обликувате како што сакате (ако сакате!).

 

 

Автор
12_Srculence.png
Кој е автор на страницата?

 

Идеен творец, автор и уредувач на содржините на страницава сум јас, 

 

Даниела Арсовска Богдановски

Дипломиран Психолог

Сертифициран Гешталт Терапевт

Магистер по Економски науки од областа на МБА - Менаџмент

Докторант по Економски науки од областа на Организациски науки и Манеџмент

 

Преку линковите кои следуваат можете да дознаете:

 

 

 

 

 

Се надевам дека содржините објавени на ПП.мк, како и на неговиот блог, ќе бидат интересни за вас и дека ќе ве инспирираат за креирање на сопствениот живот, според сопствените желби.

Ако на тој пат почувствувате желба за за непосреден контакт со ПП.мк, пишете.

 

На сите, од срце ви се заблагодарувам што постоите и што одбравте да сте присутни, овде и сега.

Ви посакувам  пријатен престој во овој простор.

 

Срдечен поздрав,

Даниела

 

 

* Задолжително информирајте се за Условите за користење Политиките на приватност на медиумот ПП.мк.

bottom of page