



Визија, мисија и цели на ПП.мк
Кратки изјави за тоа каде гледа, зошто постои и какви активности презема ПП.мк.
* Приказната за тоа каква е идејата која стои зад ПП.мк и како блесна истата е кажано овде.

Визија.
Промената која ПП.мк сака да ја направи е проширување на квантумот на знаења и подигање на нивоата на свесност за тоа дека да се биде среќен, да се живее исполнет живот, во благосостојба, претставува универзална човекова желба, која човекот има потенцијали да ја оствари и способности сам да ја креира.

Мисија.
Да се сврти вниманието на стручната и пошироката јавност кон нови погледи на квалитетот на човековото живеење и да се инспирира унапредувањето на истото, преку промовирање на позитивните емоции, мисли и активности, како фактори значајни за постигнување на среќата и благосостојбата.
Цели.
-
Објавување на едукативни содржини за постигнување на исполнет живот.
-
Истражување и објавување на научни откритија за среќен живот.
-
Презентирање на знаења и вештини за уметноста на живеењето, животот без напор и без повторување на штетните избори.
-
Промовирање на човекот, како битие кое секогаш знае што е најдобро за него и фокусирање на остварувањето на суштината на човековото битие.
-
Промовирање на личната одговорност како еден од клучните фактори за постигнување на лична среќа и благосостојба.
-
Промовирање на здравиот начин на живот, исхраната и физичките активности како составни делови од целината наречена благосостојба.
-
Креирање на критична маса на професионалци и љубители на позитивна психологија, која од виртуелна ќе прерасне во реална заедница.

© 2014 ПозитивнаПсихологија | За страницата | За идејата | Визија, мисија, цели | За авторот | Услови и политики | Контакт