top of page

Како блесна ИДЕЈАТА

за креирање на ПП.мк

 

Кратка приказна на авторот ...

за тоа како функционира среќата.

 

* Повеќе за самата ИДЕЈА погледаје подолу на оваа страница.

Дипломирав во 2000 година на УКИМ/Филозофски факултет/Институт по Психологија. Наскоро почнав да работам.

 

Како Дипломиран Психолог до 2012 година работев на различни едукативни, истражувачки и ИТ проекти.

 

Од јуни 2012 година до моментот на креирање на оваа страница, ноември 2014 година, минав период каков што посакува секој човек на оваа наша убава планета: слободно време да работам што сакам. Го искористив. За уживање во животот.

 

Уживав во се’ што вистински ме интересира: читав и пишував, пешачев и танцував, готвев и фотографирав, патував и ... 

 

Истражував!

Истражував области кои, на изглед, не се поврзани со мојата професија, но, како и изборот на мојата професија, се нераскинливо поврзани со мене како личност.

 

Истражував области од физиката и биологијата, медицината и фармакологијата, астрономијата и теориите за настанокот на светот и живтот, живата исхрана и чинителите на здравиот живот, јогата и медитацијата, екологијата и земјоделието, подводинот и небесниот свет.

Среќа е кога она што го мислите, она што го зборувате и она што го правите се во хармонија

- Mahatma Gandhi

 

Се забавував и уживав во новите хоризонти и присуството на саканите луѓе.

 

Во овој слободен период дел од забавата беше експериментирањето со различни (за мене дури непојмливи!) методи и техники за „изнаоѓање“ работа. Ова беше бурно искуство. Кратко кажано: испробав се’ (и сешто)!

 

Резултат на ова возбудливо и урнебесно патување е брилијантниот контакт со сопственото битие.

Се’ се потврди во кристално јасна форма. Желбите, потенцијалите, мојата животна суштина.

Целта на моето животно патување.

 

Идејата блесна!

Енергијата која излегуваше од синхроницитетот на позитивни емоции, мирни мисли и телесна свеснот за семоќноста на внатешното битие, си го најде својот пат. Идејата вибрираше со толку висока резонанца што силно го забрзуваше она што следува. Јасно ми стана дека сега е најдоброто време да го остварам она што отсекогаш сум го сакала: да креирам центар за избирање на целисходно, среќно и исполнето живеење - за уметноста на живеењето.

 

Решив да ја следам искрата ...

Повеќе за идејата ... 

 

Идејата која стои зад создавањето на ПП.мк е да се креира центар за унапредување на квалитетот на живеењето.

 

Идејата е да се понуди поглед на животот од неговата позитивна страна и да се информира аудиториумот за тоа дека таа страна може сам да ја избере и креира во согласност со сопствените желби.  

 

Идејата е да се поттикнат луѓето да ја видат, разберат и прифатат вистината дека имаат моќи а со тоа и одговорност, да се менуваат во правец на она што посакуваат да бидат. Без исклучок, сите луѓе посакуваат да бидат среќни, па идејата е тие да се поттикнат  да ја создадат најдобрата можна верзија од себе си, во својот живот.

Идеја
bottom of page