Бидете среќни и сето она кое го посакувате ќе го најде својот пат до вас
- pozitivnapsihologija
- Jul 22, 2015
- 4 min read
Колку и да не ви се верува, многу работи во животот се поставени токму обратно од она што мислиме дека се. Една од нив, можеби токму најважната, е тоа дека НИЕ МОРА ДА ... најдеме работа, стекнеме изобилство, бараме партнер итн. итн.
Но, вистината всушност е сосем поинаква. Вистината е обратна!
НИЕ ништо од ова ниту треба, ниту мора да го направиме. За ништо од ова не мора да се потрудиме. Не е наша работа да бараме (наоколу). Наша работа е да допуштиме (од внатре). Да дозволиме ... работата да нѐ најде, богатството да нѐ најде, партнерот да нѐ најде.
Да не се разбереме погрешно. Ова не значи да седиме со „скрстени раце“, да „дремеме“ или да „чекаме“. Ова значи („дебело“) да работиме на себе (ако некому многу ми се допаѓа зборот „труд“ тогаш овде нека го употреби, па нека се потруди да дозволи и нека се потруди да допушти, на тоа нека поработи!).
Ние сме оние кои, преку работа на себе, ќе го привлечат, ќе го допуштат и ќе му дозволат на богатството, парите, работата, партнерот, да ги најде. А сето ова кое го посакуваме ќе нѐ најде само ако (на ова обрнете внимание!) СМЕ (ова е сегашно време!) балансирани, среќни, задоволни, благодарни ...
Појасно? НЕ?!
ОК, тогаш еве дополнително објаснување ...
Ние сме тие кои се (така да се изразиме) центарот околу кој орбитираат сите нешта кои ги посакуваме (како и оние кои не ги посакуваме!). Значи, околу нас се и парите и богатството и идеалниот партнер и работата. А дали истите и ќе се придвижат кон нас, е тоа ќе зависи од нас самите. Како? Така што ќе станеме „видливи“ за нив. А како се станува „препознатлив“? Така што ќе оддаваме (читај: вибрираме) среќа, задоволство, радост, мир, благодарност, сигурност. Она за што сме „видливи“, тоа ќе нѐ „препознае“. Она што ќе нѐ препознае, тоа ќе нѝ се доближи. Тоа е начинот на кој „допуштаме“.
Па така, ако вибрираме нервоза, лутина, незадоволство, неблагодарност, омраза, за тоа ќе станеме „видливи“ и тоа ќе нѐ (с)најде, ќе нѐ снајде незгода, расправија, сиромаштија, безработица (односно, нервозни, незадоволни, неблагодарни луѓе, полни со завист).
Ако вибрираме среќа ќе нѐ (с)најде богатство, пари, работа, љубов.

Со тоа што повеќе ќе се „трудиме“ да сме среќни (и ќе се бавиме со себе), наместо да го „бркаме“ богатството (и да се бавиме со нешто надвор од себе), ние всушност допуштаме тоа самото да го најде патот до нас (без ние да се трудиме околу него).
Појсно? Уште нееее?!
ОК, еве еден сосем земски пример ...
Ако некоја девојка сака идеален партнер (според нејзините критериуми), кој ќе ја сака и прифати таква каква што е, а притоа уште и да е убав, забавен, мил и богат (да, да постојат такви - ако не сте ги сретнале, вие сте надвор од шините по кои тие се движат!!), таа ќе привлече таков човек само ако и самата вибрира љубов (читај: искреност, отвореност, баланс, прифаќање), а притоа е уште и убава (читај: чиста, насмеана, ведра, весела), забавна (читај: умее да се шегува, продуховена, начитана, прошетана), мила (читај: добра, некавгаџика, флексибилна) и му верува на животот (читај: е позитивна т.е. има став дека животот е убав, дека е создаден да се живее во изобилие, е оптимистична и е благодарна за она што е и каде е во моментот) (за оние кои не знаат верба во животот е едно од богатствата!). Само ваква девојка може да привлече ваков партнер.
Обратно, ако истата таа девојка која сака идеален партнер (значи, го опишавме како некој кој ќе ја сака и прифати таква каква што е, а плус е убав, забавен, мил и богат), а таа самата вибрира со неискреност, повлечена е, има милион замерки за секого каков би требало да биде и на сите им наоѓа по некоја маана, намрштена е, по малку можеби и напната, се лути на секоја шега или критика упатена на нејзина сметка, недоволно образована за своите години, попрво би се испокарала и докажувала, отколку да каже „извини“, верува дека „животот е с***ње“, здраво за готово го сфаќа тоа што е жива и здрава и неблагодарна е за тоа или неблагодарна е дека е млада и дека животот е пред неа, се сомнева во сопствената среќа ако не ѝ успее да најде идеален партнер, е истата таа девојка, што мислите, каков човек ќе привлече. Какво момче неа ќе ја (с)најде, што мислите? (сами одговорете си, плиз, да не го загадувам текстов, фала).

Тоа што ќе го допуштите, тоа ќе ве снајде.
На тоа што ќе му дозволите, тоа ќе ве најде.
Не верувате? Само погледајте го својот живот.
Мислите ли дека ве снашло нешто кое не сте го дозволиле?
А вие кои верувате, само продолжете да бидете среќни и сето она кое го посакувате веќе го наоѓа својот пат до вас.
За крај, еве уште еден пример од природата: убавите, мирисни и полни со нектар цветови, пчелите ги опрашуваат. Знаете зошто? Затоа што се тоа што се: убави цветови, мирисни и полни со нектар. Токму со тие свои особини ги привлекуваат пчелите. По тие особини пчелите ги пронаоѓаат. Ова е вечен танц, кој ќе престане ако цветот ги нема овие особини. Додека ги има, тој ќе ги привлекува пчелите, а тие него ќе го препознаат. И ќе го најдат ... затоа што се перфектно усогласени едни со други, затоа што си одговараат ...
Ве љуби и ве поздравува,
Аавторот на текстот
Психолог, Гешталт терапевт
Автор на страницата ПозитивнаПсихологија
Comments