top of page

Назад кон збирката: Позитивни галерии | Скок до галеријата: Позитивни пораки | Скок до галеријата: Позитивни насоки

Како живеат и што ги карактеризира
 

СРЕЌНИТЕ ЛУЃЕ ...

... сонуваат за големи нешта

... сонуваат за големи нешта

Истражете ги своите соништа. Какви се? Колкави се? Ако не ви изгледаат барем малку застрашувачки, не се доволно големи. Сонувајте за големи нешта. Посакувајте и мечтајте ... и никогаш (ама никогаш!) не откажувајте се од своите (големи) соништа.

... мудро одбираат пријател

... мудро одбираат пријател

Пријател е оној кој зад грб зборува убави работи а неубавите ги кажува в лице. Пријател е оној кој е присутен во нечиј живот и тогаш кога другите не се. Среќен е оној кој има пријател. Но, среќните луѓе не се среќни поради тоа што имаат пријател, туку имаат пријател бидејќи се среќни. Среќните луѓе умеат мудро да ги одберат пријателите - тоа го прават од длабочината на душата, не од површината на умот.

... умеат да слушаат

... умеат да слушаат

И знаат дека оваа особина може да се изостри преку читање, кое пак од своја страна има бројни позитивни ефекти врз квалитетот на животот. Среќните луѓе умеат да ги отворат ушите и доброволно оставаат време за она што другите имаат да го кажат. Тие со внимание го следат оној кој им се обраќа, без да го прекинуваат и да му судат. Оваа значајна карактеристика може да се унапреди преку читање, кое е непосреден контакт со некој кој сакате да го слушнете.

... јадат жива храна

... јадат жива храна

Затоа што знаат дека само животот дава живот! Тие знаат дека нема таква зготвена, конзервирана или преработена храна, која може здраво да ги нахрани. Она на што му е одземена и во кое е уништена животната енергија, едноставно не може да подигне. Материјата без живот во себе, нема моќ да оживее друго битие, а уште помалку да го возвиши. Среќните луѓе знаат дека тие со она што го јадат. Затоа и јадат жива и здрава (физична но и ментална) храна.

... не „држат“ лутина

... не „држат“ лутина

Иако во извесна мерка е поврзана со темпераментот со кој се раѓаме, „пуштањето“ лутина може да се научи. Оние кои не „држат“ лутина се среќни, затоа што: Не се злопамтила, не се огорчени, не ставаат (сѐ) при срце, не се повредливи, не мрчат, не се зловолни, не се „криво насадени“.

... не се жалат

... не се жалат

Жалењето е карактеристика на луѓето кои одлучиле во својот живот да бидат жртва. Тоа е неспоиво со среќен живот ами со бесмислен. Освен тоа жалењето е штетно и за телото - го оштетува мозокот на клеточно ниво. Не е важно дали вие се жалите или слушате некого како се жали, ефектот врз битието е ист. Драги луѓе, ниту сте жртва ниту сте контејнер. Престанете да се жалите и одлучно одбијте да бидете полнети со туѓ емоционален отпад. За вашиот живот и неговиот квалитет се работи!

... го сакаат својот живот

... го сакаат својот живот

Колку е убав животот - речете си денес и насмевнете се. Среќните луѓе умеат од „обични“ нешта да направат спектакл, затоа што го сакаат и својот живот и животот воопшто.

... се благодарни

... се благодарни

Не бидете еден од оние луѓе на кои ништо не им се угаѓа. Незадоволни те од ова, те од она. Знаете зошто овие се такви какви што се, нели? Заради тоа што се неблагодарни. Оној кој во себе нема благодарност за она што го живее - бадијала ќе се обидува да почувствува среќа.

... умеат да празнуваат

... умеат да празнуваат

Поледниот ден во седмицата го викаме не-дела. Таа е празник. Затоа, оставете ги „обврските“ за делници и не денгубете ја со бесмислени активности. Она што вообичаено го правите во своето слободно време (во неделите и празниците) е показател на квалитето на вашето живеење.

... редовно вежбаат

... редовно вежбаат

Утринското вежбање вклучете го во секојдневната рутина - нема за што не е добро. Само десеттина минути - за среќа и убав почеток на денот. И не само утринското! Дајте си барем уште десеттина минути брзо пешачење во попладневните часови. За разултатите нема зошто да се зборува. Само пробајте!

... ја кажуваат вистината

... ја кажуваат вистината

Затоа, не барајте причини да ја сокриете вистината, туку начини да ја кажете.

... живеат минималистички

... живеат минималистички

Затоа, во својот животен простор внесете го само она кое вистински ви користи. Од гардероберот исфрлете сѐ што не сте облекле во последниве две години. Од социјалниот живот исфрлете ги сите односи кои не ве хранат со задоволство. Од главата сите мисли кои ви се штетни. Сѐ на сѐ - исчистете го својот животен простор од неважни работи, за да има место важните да блеснат.

bottom of page