top of page

Свесност

Убавина

Вежба

Свесност
1/10
Назад кон збирката: Позитивни галерии | Скок до галеријата: Позитивни пораки | Скок до галеријата: Среќните луѓе ...
Галерија од насоки
Вистини за насочување на животот кон среќа и благосостојба.
![]() Погледнете се од дистанца.Погледајте ги своите работи како да се туѓи. Само набљудувајте (или уште подобро запишете го она што ќе го помислите додека набљудувате, во форма на придавки, на пр. убав/а, организиран/а, опуштен/а ...) Она за што ќе станете свесни е: 1. Каков човек сте. 2. Што мислите за себе. 3. Каква релација сте воспоставиле со себе си. | ![]() Ваша одлука - ваш живот.Ако не сакате да се смените - не сакате да се смените. OK e - изборот е ваш. Ваш живот - ваша одговорност. Имате право и слободна волја да не се менувате. Но, имате и обврска кон себе си да бидете најдобрата верзија од себе си. Дали со ставот на не-менување тоа ќе го постигнете? Тоа е добро прашање! Во исто време, ако сте покрај некој кој не сака да се смени, прашајте се: што правам јас меѓу луѓе кои не сакаат да се менуваат? И ова е добро прашање! | ![]() Извадете го трњето од душа ...Сите барем еднаш сте имале трн во стапалото и сигурно добро знаете какви непријатности тоа може да предизвика. Ако еден трн може да го исфрли од баланс телото, знаете ли што ѝ прави негативната емоција или мисла на душата? Трнот од стапалото веднаш би го извадиле! Тогаш, зошто би ја чувале навредата, лутината, очајот, тагата ...? |
---|---|---|
![]() Бидете спокојни ...Ако сте соочени со одбивање на совет, љубов, пари, знаење, убав збор ... кој го давате некому исклучиво и само за негово добро, ОСТАНЕТЕ МИРНИ и НЕ ЈАДОСУВАЈТЕ СЕ. Вашите добри намери завршуваат со споделувањето. Понатаму, кој што ќе направи со даденото е негова работа, негова одговорност (не ваша). Ако сте направиле сѐ што сте можеле, во најдобар интерес на другиот, тогаш БИДЕТЕ СПОКОЈНИ. Знајте, секој ќе го прифати само она за кое самиот е способен. | ![]() Славете го животот ...Секој ден! | ![]() Вежбајте благода рност ...Секој ден! |
![]() Излезете од комфор зоната ...Промените се случуваат тогаш кога ќе излезете од својата удобна (комфор) зона. Но, дали знаете што всушност значат овие зборови? Тие значат: ако сакате нешто кое никогаш не сте го имале, ќе мора да направите нешто кое никогаш не сте го направиле Тогаш кога ќе бидете спремни да го „жртвувате“ својот комодитет, ќе можете да го постигнете својот просперитет - сѐ помалку од тоа е козметика (и во суштина значи дека промената не ја посакувате вистински, туку мислите дека ја посакувате). | ![]() Фокусот на значајното ...Сите ние понекогаш имаме тешкотија да освестиме ШТО ВСУШНОСТ САКАМЕ. Чаре? Еве една в ежба ... Замислете дека учествувате на натпревар за најубава фотографија. Имате апарат во раце и само еден час да ја направите фотографијата. Што правите? Паничите или мирно го вртите објективот кон она кое е само по себе е убаво? По неколку обиди и проверки, ќе дојдете до она кое го сакате, само држете го фокусот на тоа што ви е значајно (и баталете го она кое во суштина не ве интересира). | ![]() Говорете за она што сте ...... не за она што не сте. Говорете за она кое го имате, не за она кое го немате. Тоа што го потврдувате, тоа ќе се мултиплицира во вашиот живот. Притоа, имајте во вид дека овде не се работи за некаков „магичен механизам“, туку се работи за добро познат когнитивен феномен на креирање на матрица на размислување. Со неа си го одредувате живот и тоа независно од содржината со која ќе ја пополните. Позитивно или негативно, она кое ви се повторува во мислите и говорот, тоа ќе гого искусите. |
![]() Ако парите не се предмет ...За да ја откриете смислата на своето (сопствено) постоење, прашајте се: АКО ПАРИТЕ НЕ БЕА ВО ПРАШАЊЕ, ШТО ЌЕ ПРАВЕВ. За какви активности/занимања ќе имав интерес, со што ќе го исполнев она време кое (арбитрарно) го нарекуваме „работно“ време, со која „професија“ ќе се идентификував, како ќе се претставував. Поставете си ги овие прашање. Тоа што ќе го најдете во одговорот е ВАШАТА ИДЕЈА ЗА САМИТЕ СЕБЕ во комбинација со ВАШИТЕ ПОТЕНЦИЈАЛИ И СПОСОБНОСТИ. | ![]() Кога сте биле најживи?За да дознаете што е она што вистински ве исполнува прашајте се: ВО ТЕКОТ НА КОЕ ЖИВОТНО ИСКУСТВО СУМ СЕ ЧУВСТВУВАЛ/А НАЈМНОГУ ЖИВ/А? Одговорот сам по себе, ќе ви даде информации за тоа какви биле условите во кои сте се чувствувале најмногу живи, што вие сте правеле кога сте се чувствувале најмногу живи, како сте размислувале, какви ви биле ставовите и вредностите кога сте се чувствувале најмногу живи. Нурнете во тоа свое искуство и потсетете се на тие вредни моменти. | ![]() За што постои животот?За да уживаме во него! |
![]() Очекувајте уште подобро ...Кога ќе тргне добро - очекувајте уште подобро. Кога ќе тргне добро, речети си: „од ова може да биде само подобро“. Кога ќе тргне добро тогаш е вистинското време да ја подигнете својата енергија на нови нивоа и да научите да очекувате уште подобро и подобро ... | ![]() Кога сте опуштени ...Откријте ја целта на своето живеење и прашајте се: КАКВИ ИДЕИ МИ ДОАЃААТ НА УМ КОГА СУМ ОПУШТЕН/А? Земете го, на пример, капењето. После работниот ден или после спортување тоа е дел од нашата секојдневна рутина која има благопријатен релаксирачки ефект врз целиот организам. А инспирацијата доаѓа токму тогаш кога сме најопуштени. Тогаш всушност сме и најприемчиви за нови идеи, па можеме да го ослушнеме она за што сме способни да го оствариме. Затоа, бидете свесни за тоа каква инспирација добиват | ![]() Што ве возбудува?Ако ја барате својата животна смисла, тогаш прашајте се: ШТО МЕ ВОЗБУДУВА? Ова е далеку подобро прашање од она: „кон што имам страсти“. Возбудата е лесно видлив а и препознатлива за сите. И интересната работа овде е дека можете да откриете кон што имате страсти ако едноставно станете свесни за тоа што всушност ве возбудува. Затоа, вистинското прашање за да ја откриете својата животна смисла не е: „што сакам“ или „кои се моите цели“ туку „што ме возбудува“. |
![]() Што ви дава енергија?Откријте ја својата животна цел и прашајте се: ШТО МИ ДАВА ЕНЕРГИЈА? Активности кои се во согласност со вашата животна цел ќе ве стимулираат, ќе ви дадат енергија. Од друга страна, активности кои не резонираат со вашата суштина ќе ве истоштат. Бидете свесни за ова и користете го своето ниво на енергија како водич. | ![]() Преземете акција.Она што имате да го сработите денес, не оставајте го за утре. Оваа стара народна мудрост нема намера толку да ве дисциплинира колку да вѐ потсети дека НЕМА СРЕЌА СО НАТРУПАНИ НЕЗАВРШЕНИ РАБОТИ. Животот е поубав кога сѐ функционира, кога сѐ е како подмачкано. Не заборавајте, СЕКОЈ ДЕН ПО МАЛКУ Е МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН ДЕН МНОГУ а одложувањето на обврските нема на магичен начин да направи тие да исчезнат. За свој убав и функционален живот - пеземете акција. | ![]() Животот е она што верувате дека е.„Животот не е луна парк, животот е школо.“ „Животот не е песна, животот е мака.“ Каков ќе ви биде животот ќе зависи од вашиот личен систем на убедување. Вистината е дека вашиот живот ќе биде токму онаков какво што е вашето убедување дека животот е. Бидете будни и свесни за својот систем на убедување. Тој е креација на вашиот ум. И како ученик подобар од учителот, токму тој може да го изигра умот. |
![]() Раскажете позитивна приказна.Она што сакате да го доживеете, тоа нека биде доминантно во вашиот говор. Ова е мошне важно затоа што од она што го говорите, ќе зависи она што ќе го искусите во животот. Што мислите може ли животот да ви боде убав ако за него говорите неубаво? | ![]() Афирмирајте!Но, само доколку сте во состојба на висока самодоверба. Во спротивно, поарно поработете на себе, бидејќи човек кој има разнишано самопочитување или нестабилна самодоверба нема да има корист од позитивните афирмации. Тие за него ќе бидат контрапродуктивни и нема да го дадат посакуваниот ефект. | ![]() Вежбајте оптимизам.Секое зло е за добро. Светот го осознаваме преку контраст. Затоа е мошне важно човек да има адекватен поглед на појавите околу себе. Злото постои за да го спознаеме доброто. Тоа е неговата позитивна страна. Затоа, наместо очај или збунетост, кога сте на некакви маки, одберете да помислите дека секое зло се случува за некое поголемо добро. Вежбајте оптимизам, драги луѓе. Не е тоа никаква модерна техника за да го „истуркате“ денот. Тоа е генерален став кон животот и иднината. |
![]() Не стеснувајте се.Не извинувајте се никому затоа што се развивате. Не извинувајте се никому затоа што сте добри, убави, умни, свои. Имате подеднакво право да ги раширите своите крилја како и сите други на светов. Не ограничувајте го своето растење на сметка на оние кои и онака решиле да престанат да се развиваат. | ![]() Притисок - со позитивни очи.Оваа непријатна и мачна, дури болна состојба има своја позитивна страна. Тој нѝ служи за да дознаеме што носиме во себе, да откриеме кои во суштина сме. Дали е тоа мир, љубов, оптимизам, верба во сопствените потенцијали, ентузијазам, благодарност, убавина, добрина или нешто сосема спротивно (немир, омраза, песимизам, страв, гнев, сомнеж, пакост, грдотија, лошотија). Наместо да го проколнувате, благословете го, затоа што ви користи да дознаете што вистински негувате внатре длабоко во себе. | ![]() Што е среќа?Среќата е сочинета од две компоненти: (1) доживување на позитивни емоции и (2) чувство на задоволство од сопст вениот живот, односно доживување дека вашите животни цели исполнуваат. Она што е многу важно за вистинско постигнување на доживување на среќа е тоа дека овие две компоненти (1) позитивни емоции и (2) чувството на имање смисла во животот, односно живот исполнет со значење, живот вреден за живеење - се надополнуваат, односно се засилуваат една со друга. |
![]() Чувајте ја приватноста.Има ли потреба од објаснување зошто? Затоа што без неа не сте луѓе! Приватноста е инхерентна (вродена и неразделна) од човекот. Таа е „бедем“ на нашата автономија, интегритет и слобода (а ова се вредности кон кои сме собено чувствителни и подготвени да ги браниме од секој кој ќе се обиде да ги загрози, нели?). Имате право на својата слобода, безбедност и приватност. Сочувајте ги за себе (и за оние кои ви значат). | ![]() На својот пат сте - секогаш.Што и да правите, каде и да одите, со кого и да сте - секогаш сте на вашиот пат. Ако чувствувате мир и исполнетост - продолжете. Ако чувствувате помалку од тоа - без гајле! И без обвинување! Тоа е ваш пат. Па, исто како што сте одбрале да стигнете до ОВДЕ, така СЕГА можете да одберете каде и како понатаму. Потребно е (само!) да почувствувате. Останете во КОНТАКТ со себе. Тоа нека ве води. | ![]() Не убедувајте.Ваше е да ја живеете сопствената вистина, не да ги убедувате другите. Вашиот живот може да стане инспирација за другите, вашите зборови никогаш. Затоа не губете време на убедување на другите. И онака ќе го разберат само тоа што можат да го разберат. |
![]() Насочете ги мислите.Позитивното мислење се учи. Има денови кога сѐ ќе ви збоктиса. Кога ќе побесните и ви доаѓа сѐ да отерате (знаете каде!). Ви доаѓа од кожа да излезете, мислите ќе пукнете! Во тие моменти правите сѐ за да ги оттргнете мислите кои ве иритираат. Но, токму тогаш потребно ви е нешто сосема друго - не да се ослободите од мислите, туку да ги водите. Прашање на техника е - колку повеќе ја совладувате, толку повеќе таа ќе станува автоматизирана. | ![]() Она во што верувате - тоа сте.Вашиот комплетен живот е одреден од она во што верувате. Ако верувате дека можете да бидете подобри, да имате и постигнете сѐ што ќе посакате - тогаш тоа навистина го можете. Ако не верувате во тоа - менувајте го сопствениот систем на верување! Затоа што единствените ограничувања кои ги имате се оние во кои самите верувате. | ![]() Не заборавајте што сакате.И секогаш да бидете усогласени со тоа. Размислете. Сите ваши т.н. проблеми настанале затоа што не сте се држеле до она што навистина го сакате. Проблемите настапуваат на нашата животна сцена тогаш кога ќе им отстапиме место (затоа што сме изгубиле од вид што навистина сакаме). Ако се чувствувате добро - на вистинскиот пат сте (не сте заборавиле што сакате). Ако е обратно - не паничете, опуштете се и потсетете се што навистина сакат. |
![]() Заслужни сте за својот живот.И за сѐ „што ви се случува“. Вашите мисли и емоции се ваши внатрешни содржини и со тоа исклучиво ваша одговорност. Направите избор да се чувствувате добро и да мислите позитивно. На тој начин вашата одговорност ќе прерасне во ваша заслуга. Тој успех ќе можете да си го припишете само себе си. | ![]() Прифатете ја одговорноста.За комплетниот свој живот. И за мислите и за емоциите (и тие се ваши). Можно ли е да се прифати одговорност за однесувањето (за видливото, за надворешното, за она што во извесна мерка е и социјално моделирано) без притоа да се прифати одговорност за она што го чувствуваме и мислиме (за основата, за внатрешното, за она што комплетно нѝ е познато и достапно само нам). Размислете! | ![]() Емоции - внатрешен компас.Вашите емоции се вашиот внатрешен компас. Тие само покажуваат каде сте во моментов. Вашата внатрешна магнетна игла покажува кои сте во однос на она што би сакале да бидете. Во кој правец се движите во однос на тоа што го посакувате, колку сте блиску или далеку, ќе дознаете ако погледнете во компасот на вашите емоции. Останатото е на вас. |
![]() Што забележувате, тоа сте.Бидете свесни какви содржини регистрирате. И знајте, вашата перцепција ви покажува каков живот живеете. |
© 2014 ПозитивнаПсихологија | За страницата | За идејата | Визија, мисија, цели | За авторот | Услови и политики | Контакт
bottom of page